• петок, 05 декември 2025

Годишно издание на „Global Azure Skopje 2025“, средствата ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Годишно издание на „Global Azure Skopje 2025“, средствата ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Скопје, 10 мај 2025 (МИА) – Во „InnoX Innovation Center“ во Скопје, денеска ќе се одржи годишното издание на „Global Azure Skopje 2025“, настан кој истовремено се одржува во над 50 држави ширум светот.

Како што информираат од македонската „.Net“ заедница, годинава настанот во Македонија ќе биде од целосно хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Секој заинтересиран ќе може да „купи карта“ со донација преку плaтформата Ecrowd.mk (https://ecrowd.mk/digital-donation-box/d2947ad9-6c99-4645-8f0a-f57f684c0b3f), а за сите корпоративни пријатели и поддржувачи достапни се опции за директни донации во соработка со Support Kocani (https://supportkocani.com). 

– Со овој чекор, настанот да добие хуманитарен карактер, сакаме да покажеме дека технологијата и заедницата одат рака под рака. Подготвени сме не само да споделуваме знаење и искуства, туку и да подадеме рака таму каде што помошта е најпотребна, стои во сооппштението.

На „Global Azure Skopje 2025“ ќе може да се слушнат предавања и практични сесии водени од експерти од областа на „Microsoft Azure“ и „Cloud“ технологии, додека, пак, учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со најновите трендови од областа на Microsoft.

– На овој настан се добредојдени сите заинтересирани професионалци, студенти и ентузијасти кои би сакале да научат нешто, но и да придонесат за хуманата мисија на оваа иницијатива. Целата сума собрана од овој настан ќе биде донирана, се наведува во соопштението.

За повеќе информации околу настанот и агендата: https://glazuremk.github.io/public-website/ 

Упатство за донирање: https://www.youtube.com/watch?v=T6f3R3SUNps ра/са/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан