• петок, 05 декември 2025

Завршен настан на проект за развој на модерно и одржливо земјодество

Завршен настан на проект за развој на модерно и одржливо земјодество

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Македонската развојна фондација за претпријатија денеска во Велес организира завршен настан за проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности.

Преку грантова и техничка поддршка, поддржани се вкупно 11 грантисти меѓу кои земјоделски задруги, земјоделски друштва и претпријатија од Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Преспанскиот регион.

- Проектот резултираше со воведување на напредни решенија, вклучувајќи агро-дронови за прскање и снимање, обука за управување со дронови, дигитализација и автоматизација на системите за наводнување и ѓубрење, одржливи системи за наводнување, соларни GPS системи за следење на добиток, автомат за продажба на свежо млеко,  робот за хранење телиња и автоматизиран мобилен робот за чистење на фарма,  автоматска филтер станица за наводнување, како и современи машини за преработката на земјоделски производи, информираат организаторите.

На завршниот настан ќе бидат претставени клучните постигнувања и резултати од проектот, иновативните земјоделски решенија и современата опрема, а ќе биде даден и осврт на влијанието од проектот врз руралниот развој. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан