Еко-магионичарски претстави во кино Фросина во МКЦ
Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Едукативно и уникатно еко-магионичарско шоу MAGIC KIKO викендов ќе се одржи во киното Фросина во МКЦ.
Во организација на Пакомак, ќе се одржат интерактивните еко-магионичарски претстави на Кристиан Шопов, познат како Magic Kiko, на кои децата и родителите ќе имаат ретка можност да уживаат во забава збогатена со важни еколошки пораки.
Претставите денеска и утре ќе се одржуваат во 13:00, 17:00 и 19:00 часот, а се наменети за деца над четири години.
-Ова шоу ги воведува најмладите во светот на магијата, притоа учејќи ги за важноста на рециклирањето и заштитата на животната средина. Преку интерактивни трикови и едукативни активности, децата ќе научат дека дури и мали чекори можат да донесат големи промени за зачувување на планетата, информираат од Пакомак. дма/нд/
Фото: Плакат