• сабота, 21 декември 2024

„Домашно, природно, вкусно“ – Саем на македонска традиционална храна

„Домашно, природно, вкусно“ – Саем на македонска традиционална храна

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) -  Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“ ќе се одржи денеска од 10:00 до 19:00 часот во City Mall во Скопје.

Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall, со поддршка од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

Оваа уникатна можност, како што велат организаторите, ќе не поврзе со автентичните вкусови на нашите рурални заедници, претставени од вредните раце на земјоделките и земјоделците.

На штандовите ќе има најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала.

-Овој саем е повеќе од изложба – тој е место за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, и вистинска шанса да дознаете повеќе за важноста на локалната храна. За најмладите, организираме и детска работилница со наслов „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува нашата храна“ – едукативно искуство што ќе инспирира грижа за околината, велат од Национална федерација на фармери. дма/нд/

Фото: Плакат

Остани поврзан