Доделување социјални станови на 28 семејства во Гевгелија
- Како што соопшти владината прес - служба на настанот ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев.
Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на настан по повод доделување на социјални станови на 28 семејства во Гевгелија.
Како што соопшти прес - службата на Владата, на настанот ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев. дма/ев/
Фото: МИА архива