Денот на европското културно наследство ќе се одбележи во Музејот на Народната банка
- Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура и денеска од 10 до 16 часот ќе биде отворен за јавноста.

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура и денеска од 10 до 16 часот ќе биде отворен за јавноста.
За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница насловена „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот. хс/са/
Фото: Музеј на Народната банка