Денови на млади истражувачи на Земјоделскиот факултет во Штип
- Во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од денеска до четврток во Штип ќе се одржуваат Денови на млади истражувачи.

Штип, 12 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од денеска до четврток во Штип ќе се одржуваат Денови на млади истражувачи.
Настанот почнува денеска со дебата на тема „Климатските промени – реалност или мит?“.
Според агендата, утре ќе се одржи петата студентска конференција на тема „Критички прашања во земјоделството и животната средина“, а во четврток ќе се дебатира на тема „Младите во земјоделското производство“. дма/бак/
Фото: Банер