• четврток, 21 ноември 2024

Годишна конференција на МАСИТ со фокус на вештачката интелигенција

Годишна конференција на МАСИТ со фокус на вештачката интелигенција

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ денеска и утре ја организира 19-тата годишна конференција. 

Темата на конференцијата денеска е  „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“, а утре темата е „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ која се организира во соработка со Адвокатска канцеларија Најденовски, коорганизатор на настанот за вториот ден.

-Конференцијата ќе опфати богата и висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел-дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција, соопшти МАСИТ. 

Во воведниот дел од 19-та годишна конференција на МАСИТ најавени се обраќања на Анета Пешева, претседател на Собранието на МАСИТ, Тимоти Онг, директор на Канцеларијата за економски раст на УСАИД, и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан