• четврток, 21 ноември 2024

Годишна конференција на МАСВА на тема „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“

Годишна конференција на МАСВА на тема „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МАСВА) организира годишна конференција во Скопје со главен фокус на темата „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“.

На дводневната конференција, домашни и странски експерти од реалниот сектор, академската заедница и институциите ќе ги презентираат најновите трендови и предизвици во управувањето со цврстиот отпад базиран на принципите на кружната економија.

Првиот ден, панел дискусиите ќе бидат посветени на две теми – „Воведување на депозитен систем и враќање на пакувањето во Р.С. Македонија“ и „Енергија од отпад – ограничување или придобивки од земјата?“. Во текот на вториот ден од конференцијата панелите ќе бидат фокусирани на темите: „Дополнителни текови на отпад во проширена одговорност на производителот“, Финансирање на системи за одржливо управување со отпад“ и „Младите и науката во решенијата за одржливо управување со отпад“. На овој панел, студенти ќе презентираат студии поврзани со унапредување на системот за управување со отпад. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан