• четврток, 12 декември 2024

Годишна конференција за децентрализација и локално управување

Годишна конференција за децентрализација и локално управување

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, со поддршка на Владата на Швајцарија, денеска организираат годишна конференција за децентрализација и локално управување, на тема „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и стратегија за иднината“.

Како што соопшти Министерството, клучни теми на кои ќе се разговара на конференцијата се реформата на локалната самоуправа – промени за поефикасни, одговорни и отчетни локални власти, дигиталната трансформација на локално ниво и интегрирано стратешко планирање на национално и локално ниво.

-На конференцијата е предвидено присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а воведни обраќања ќе имаат министерот за локална самоуправа, Златко Перински, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиески, амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман, амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, соопшти Министерството за локална самоуправа. хс/ев/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан