Во МАНУ промоција на терминолошкиот речник „Филозофија“
- Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовиран терминолошкиот речник „Филозофија“, изготвен во рамки на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија.

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовиран терминолошкиот речник „Филозофија“, изготвен во рамки на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија.
По овој повод, обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, раководителот на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија, академик Витомир Митевски, како и професорите Ана Димишковска и Иван Џепароски, подготвувачи на терминолошкиот речник.
Промоцијата ја организира Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ - МАНУ. мч/лв/
фото: МИА архива