Во Крива Паланка средба на министерот Пенов со постојаниот претставник на УНДП Григоријан
- Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, во Општина Крива Паланка денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, ќе оствари средба со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП и Илмиасан Даути, програмски аналитичар и раководител на проектот.

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, во Општина Крива Паланка денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, ќе оствари средба со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП и Илмиасан Даути, програмски аналитичар и раководител на проектот.
Како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, целта на оваа средба е подобра имплементација на проектот „Изградба на памп-трак полигон за унапредување на туристичката понуда во општината“.
На средбата ќе се дискутира и за Програмата за развој на капацитети на советниците, имплементираните ИКТ алатки за поголема транспарентност на советот и општината, како и тематските работилници и вмрежувањето. цр/лв/
Фото:МИА архива