Бојмацалиев и Тасевски на средби со раководствата на ОВР Ресен и полициските станици „Маркова нога“ и „Стење“
- Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ќе оствари работни средби со раководствата на Одделението за внатрешни работи „Ресен“, Полициска станица за Граничен надзор „Маркова нога“ и Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Стење“.

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ќе оствари работни средби со раководствата на Одделението за внатрешни работи „Ресен“, Полициска станица за Граничен надзор „Маркова нога“ и Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Стење“.
Бојмацалиев, како што соопшти МВР, ќе биде придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. дма/вг/
Фото:МИА архива