• петок, 05 декември 2025

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а.

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан