• петок, 05 декември 2025

Американ колеџ -Скопје ќе одбележи 20 години со едукативен форум

Американ колеџ -Скопје ќе одбележи 20 години со едукативен форум

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Универзитетот „Американ колеџ“-Скопје (УАКС) по повод 20-годишниот јубилеј  денеска во х. „Александар палас“ ќе организира едукативен форум „Образование за иднината“ (Education for the Future).

УАКС соопшти дека форумот претставува значаен настан на кој водечки професори и истражувачи, меѓународни експерти, креатори на политики, партнери и студенти ќе дискутираат за најважните предизвици и можности во современото и образованието на иднината.

-Настанот ќе се фокусира на дискусии за тоа како образованието може да се трансформра и адаптира на технолошките и општествени промени, со фокус на дигиталната писменост, критичкото размислување, креативноста и флексибилноста. Воедно, ќе се дискутира и за улогата на вештачката интелигенција, како и за знаењата и вештините кои ќе бидат најпотребни за младите во иднина, и секако, како академската заедница, бизнисот и институциите можат заеднички да поттикнат развој во општеството. Работен јазик на форумот е англиски и за истиот не е предвиден превод, информира „Американ колеџ“. 

Како што е најавено, форумот со поздравни обраќања ќе го отворат проф. д-р Венера Крлиу, ректорка на УАКС, и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши.

-Програмата на форумот вклучува дискусии на повеќе важни теми поврзани со иднината на образованието, на кои ќе говорат проф. Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија, проф. Џерими Крипс од Универзитетот од Мериленд, проф. Роберт Хадсон од Универзитетот од Дерби, проф. Харалд Трап од виенскиот Универзитет за технологија, проф. Кристине Швајгер од New Design University St. Pölten, д-р Анита Ангеловска Бежовска, поранешна гувернерка на Народната банка, д-р Ѓоко Муратовски од Австралискиот институт за напредни технологии, како и истакнати професори од Универзитетот Американ колеџ Скопје, се наведува во соопштението. хс/

Фото: УАКС

 

Остани поврзан