Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција
- Свечена академија посветена на 98-годишнината од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција во 1925 година денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
![Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција](https://mia.mk/images/20240730133545_big_730x400_66.webp )
Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Свечена академија посветена на 98-годишнината од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција во 1925 година денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Организатори на академијата се Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението Сонцето од Кутлеш од Скопје.
Реферати на свечената академија ќе поднесат проф.д-р Нада Јурукова, проф.д-р Елка Јачева Улчар и проф.д-р Виолета Ачкоска. вј/нд/
Фото: МИА архива