• понеделник, 01 јули 2024

Студентска изложба на Школата за дизајн и уметност „Скала“

Студентска изложба на Школата за дизајн и уметност „Скала“

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Школата за дизајн „Скала“денеска ќе одржи студентска изложба „Глас на новата сцена“, под слоганот „Сцената е твоја - дизајнирај ја!“.

Изложбата ќе се одржи во просториите на „Јавна соба“, а ќе бидат прикажани дела на студентите од академиите за графички дизајн, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, визуелни уметности (мултимедија) и UX/UI + дизајн.

Посетителите ќе имаат можност да погледнат над 500 дела на повеќе од 70 студенти од генерацијата 2022/2023 и тоа фотографии, илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, како и работни процеси, технички цртежи, скици и сл.

Изложбата „Глас на новата сцена“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.свс/са/

Фото: Школа за дизајн „Скала“

Остани поврзан