Признание за врвниот гинеколог проф. Д-р Николаидес Кипрос
- Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Катедрата по гинекологија и акушерство и Медицинскиот факултет при УКИМ денеска ќе ја доделат титулата „Почесен професор“ на проф. д-р Николаидес Кипрос.

Скопје, 19 мај 2025 (МИА) - Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Катедрата по гинекологија и акушерство и Медицинскиот факултет при УКИМ денеска ќе ја доделат титулата „Почесен професор“ на проф. д-р Николаидес Кипрос.
По тој повод на прес-конференција, која ќе се одржи денеска со почеток во 09:30 часот, во хотел Мериот во Скопје, а обраќања, покрај наградениот проф. д-р Николаидес Кипрос – почесен професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, ќе имаат и проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев – директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ана Данева Маркова – шеф на Катедрата по гинекологија и акушерство и проф. д-р Светозар Андоновиќ – декан на Медицинскиот факултет.
Проф. д-р Николаидес Кипрос е познат по својот исклучителен придонес во акушерството и здравствената заштита на идните генерации. Неговата работа опфаќа иновативни методи за рана детекција на малформации кај плодот, а како знак на поддршка и развој на медицината во земјава, тој ја донираше најсовремената медицинска опрема, како и бесплатен софтвер за следење на клучни параметри во гинеколошко-акушерската практика.
Дополнително, неговиот ангажман резултираше со формирање на специјализиран кабинет за дообука на гинеколозите и стипендии за обука на Кралскиот колеџ во Лондон, каде што тој работи.ар/са/
Фото:МИА архива