• петок, 22 ноември 2024

Ревија на носии од Горновардарска етнографска целина

Ревија на носии од Горновардарска етнографска целина

Куманово, 10 ноември 2023 (МИА) – Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово заедно во соработка со Ансамблот „Македонија“, организира ревија на носии од Горновардарска етнографска целина, каде што визуелно ќе може да се погледнат празничните носии, како најрепрезентативни носии што се носеле за време на свечените пригоди.

Традицоналната носија се носела во секојдневието, на куќните слави, на имендените, на селските и црковни слави, на свадбите, на крштевките и други свечени настани, но преку празничната носија се истакнувал свечениот тон на определен празник или настан. Празничното облекување кулминирало за време на најголемиот верски празник Велигден и на селските слави, кога во тие денови, без оглед на возраста, секој се облекувал во најубавата и најбогато украсена традиционална носија.

Проект е дел од годишната програма на Центарот за култура, а поддржан од страна на Министерството за култура, како проект од национален интерес на културата за 2023 година. свс/аа/

Фото: „Трајко Прокопиев“

Остани поврзан