Одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје
- По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) – По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.
Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.
Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија. ир/нд/
Фото: Град Скопје