• петок, 05 декември 2025

Венцислав и Дејан Недев на меморијалниот карате семинар “Хироши Шираи” во Милано

Венцислав и Дејан Недев на меморијалниот карате семинар “Хироши Шираи” во Милано

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) - На покана на Италијанската карате федерација (ФИКТА), Венцислав Недев и Дејан Недев денеска учествуваат на меморијалниот карате семинар „Хироши Шираи“, кој се одржува во Милано, Италија.

Семинарот ќе го водат легендарните карате мајстори Фуугаца, Кампари, Кардинале и Акри – долгогодишни ученици на Шираи Сенсеи.

Исто така, на покана на семејството Шираи, Недеви ќе присуствуваат на свечен ручек во чест на легендарниот мајстор Хироши Шираи, кој минатата година почина на 87-годишна возраст, соопшти Македонска традиционална карате федерација (МТКФ). ац/

Фото: МТКФ

Остани поврзан