Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
- ЈП „Водовод и канализација“–Скопје известува дека денеска, од 08:30 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата „Илинденска“, (на потегот од Влада до фонтаната во Градски Парк), како и објектите во склопот на Градски стадион, во Општина Центар.

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“–Скопје известува дека денеска, од 08:30 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата „Илинденска“, (на потегот од Влада до фонтаната во Градски Парк), како и објектите во склопот на Градски стадион, во Општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм, на ул. „Благоја Страчков“ бр. 12.
Корисниците без вода ќе бидат до завршување на работите. ир/нд/
Фото: МИА архива