• петок, 05 декември 2025

Националните радиостаници нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година

Националните радиостаници нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Владата на денешната седница донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ со цел националните радиостаници да се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации, известуваат од владината прес-служба. Оттаму додаваат дека со ова со средства од Буџетот на Владата предвидени во делот на антикризните мерки, делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари. сх/сп/

Остани поврзан