• вторник, 27 јануари 2026

Националниот џез-оркестар со настап на гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона

Националниот џез-оркестар со настап на гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, в петок, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026. 

Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика.

Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат изведени негови авторски композиции, како и композиции во авторство на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество на Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано.

Како гостин на вечерта ќе настапи Георги Шарески, гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина.

Билетите за концертот може да се набават онлајн на https://mktickets.mk/.../national-jazz-orchestra-with.../ и на продажните места на „МК тикетс“. мд/вг/

Фото: Постер 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан