Национална конференција „Низ призмата на младинската работа - Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“
- Во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Скопје се одржа конференцијата „Низ призмата на младинската работа – Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“, на која беа споделени добри практики од пилотирање на методологии за поттикнување на младинското учество и граѓанскиот активизам помеѓу младите.

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Скопје се одржа конференцијата „Низ призмата на младинската работа – Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“, на која беа споделени добри практики од пилотирање на методологии за поттикнување на младинското учество и граѓанскиот активизам помеѓу младите. Исто така, беа презентирани два иновативни прирачници (DigyPAC и MOLA) кои користат офлајн и онлајн методи и алатки за обуки со млади кои можат да се пилотираат во формални и неформални образовни поставки, како и алатка за дигитално младинско учество.
Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА посочи дека важноста на поттикнување на граѓанскиот активизам кај младите од основното и средно образование е од посебно значење доколку сакаме да го развиеме граѓанскиот активизам кај нив.
-Со проектот донесовме три нови методологии наменети за училиштата и граѓанските организации кои ќе им овозможат на младинските работници нови неформални пристапи за активирање на младите преку дигитално младинско учество, рече Илиевски.
Претседателката на здружението ЗЕОООП - Александра Петровска смета дека новата дигитална ера донела нови потреби за дигитално учество коешто граѓанските организации го интегрирале во своето работење надополнувајќи ја празнината на спората реакција на образовниот систем.
Како што информират од Коалицијата на младински организации СЕГА, методологиите се развиени во рамките на европскиот проект ACTIon, кој е финансиран и поддржан од Европската комисија преку програмата Еразмус+, Клучна акција 3, во партнерство со организации од Македонија, Германија, Бугарија, Грција и Белгија.
На конференцијата учествуваа наставници и стручни соработници од основни и средни училишта како и претставници на невладини организации, младински работници и службеници на млади од општините и од институциите. сст/
Фото: Коалиција на младински организации СЕГА