• вторник, 26 ноември 2024

Националната конвенција на ЕУ ќе одржи дебата „Што стои на патот во спроведувањето на антикорупциското законодавство?“

Националната конвенција на ЕУ ќе одржи дебата „Што стои на патот во спроведувањето на антикорупциското законодавство?“
Скопје, 6 јули 2021 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), којашто ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Што стои на патот во спроведувањето на антикорупциското законодавство?“ во организација на Европското движење. Воведни обраќања на сесијата ќе имаат националната координаторка на НКЕУ-МК и професорка на Филозофскиот факултет при УКИМ, Милева Ѓуровска и директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај. Во дебатата ќе бидат вклучени претставници на здруженија и асоцијации, на синдикатите, универзитетски професори, како и експерти од Словачка. нд/сп/

Остани поврзан