• понеделник, 25 ноември 2024

Националната конвенција на ЕУ во С Македонија ќе одржи сесија од Поглавјето 23 „Нов извештај на ЕК-стари проблеми“

Националната конвенција на ЕУ во С Македонија ќе одржи сесија од Поглавјето 23 „Нов извештај на ЕК-стари проблеми“
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Нов извештај на Европската комисија - стари проблеми: Како до поголема ефикасност во изрекувањето и извршувањето на мерката конфискација на имот“, во организација на Европското движење. Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Џулијан Васало и словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш ќе имаат воведни обраќања во темата. Во дебатата ќе бидат вклучени македонски и словачки правни експерти, адвокати, универзитетски професори, како и претставници на Јавното обвинителство, Основниот кривичен суд, Агенцијата за управување со одземен имот и управите за финансиска полиција и финансиско разузнавање. Дебатата може да се следи во Клубот на пратеници со физичко присуство или онлајн преку следниот линк - https://us02web.zoom.us/j/82269373135 Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. нд/сп/

Остани поврзан