• сабота, 23 ноември 2024

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство

Скопје, 18 април 2023 (МИА) - Националната галерија на Република Северна Македонија се придружува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на промоција на културното наследство - 18 Април. За таа цел, оваа институција денека ги отвора вратите за посетителите, особено за најмладите. 

Во Даут пашин амам во моментов е сместена постојаната Национална поставка на ликовни дела (икони, слики, скулптури, инсталации...), која го прзентира периодот од XIV - XXI век, претставени во осум изложбени сали. Изложени се речиси 200 дела, доминантно во сопственост на Националната галерија на Северна Македонија, а мал дел времено позајмени од други установи со цел добивање на континуитет во хронологијата и стилскиот развој на македонската ликовна уметност. 

Во Чифте амам има поставка на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“, едно од најдобрите национални претставувања на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба „La Biennale di Venezia 2022“.

Во текот на целиот ден, влезот за сите посетители е слободен од 10 до 18 часот. мд/бак/

Фото: Национална галерија на Република Северна Македонија

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан