Научно-стручна конференција за психофизичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции во државата
- Факултетот за безбедност - Скопје, денеска, во Клубот на пратениците организира научно-стручна конференција на тема „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Република Северна Македонија“.
Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Факултетот за безбедност - Скопје, денеска, во Клубот на пратениците, организира научно-стручна конференција на тема „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Република Северна Македонија“.
Како што е најавено, на отворањето ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ректорот ан Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Игор Неделковски, деканот на Факултетот за безбедност, Јонче Ивановски, и професори од Факултетот.
Теми на конференцијата се „Професионалниот стрес и психолошка подршка на припадниците на безбедносните служби“, „Научни пристапи во процена и развој на физичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции“, „Психофизичка подготвеност - од формалност до стандард на извонредност“, „Имплементација на научно засновани тренажни методологии во системот за обука на питомци“, „Состојбите во меѓународните полициски спортски организации и националните системи за физичка подготовка и спорт, основа за развој на нов систем за физичка подготовка и спорт во Министерството за внатрешни работи на С. Македонија“ и „Влијание на менталната обука врз стресот и донесувањето одлуки за употреба на огнено оружје кај полициските службеници“. хс/
Фото: МИА архива