• четврток, 21 ноември 2024

Научници открија врска меѓу ДНК-та и наглото слабеење кај болни од рак

Научници открија врска меѓу ДНК-та и наглото слабеење кај болни од рак
Оксфорд, 14 февруари 2022 (МИА) - Научници од Велика Британија открија можна врска меѓу влошувањето на ДНК-та и наглото слабеење кај болните од рак. Ова е значајно откритие што може да придонесе за изнаоѓање соодветен третман за спречување на брзото влошување во организмот. Една од најсериозните последици од ракот е ненадејното губењето тежина, на апетит и на мускулите, што може да влијае на некои пациенти во подоцнежните фази на болеста. Овој синдром е познат како „кахексија“ и може да се активира при други сериозни состојби, вклучувајќи срцеви заболувања или зараза со ХИВ. Покрај тоа, како наследен, синдромот може да влијае и на децата. Познат како синдром Кокејн, предизвикува тешка неухранетост и исцрпеност. - Кај пациентите со рак, поединец може да прејде од сосем нормален изглед до ортопедска количка за само неколку месеци... Тоа е прилично страшно, смета онкологот, професор Чарли Свантон од Институтот „Крик“ во Лондон. И покрај значајните научни напори, причините за кахексија остануваат мистерија. Сепак, тим научници предводен од проф. Кетан Пател, директор на Институтот за молекуларна медицина во Оксфорд, неодамна ја поврза болеста со оштетувањето на ДНК што се меша со хемиските врски до мозокот, предизвикувајќи тој да ослободува хормони кои го потиснуваат апетитот. Резултатот е нагло губење на тежина. - Кога примате хемотерапија, добивате хемикалија што ја напаѓа ДНК-та на ист начин како формалдехидот. Со други зборови, може да ја оштети ДНК-та и да ги активира овие сигнали кои му кажуваат на мозокот да го потисне апетитот, рече Пател, истакнувајќи ја важноста на врската меѓу бубрегот и мозокот - хемикалијата наречена ГДФ-15. Сепак, лекарите советуваат претпазливост. - Ова е фасцинантна и важна студија. ГДФ-15 е еден познат механизам кој придонесува за развој на кахексијата, но не е единствениот. Ни треба повеќе работа како оваа за итно да ги разбереме другите патишта и причини, заклучи проф. Пател.  си/ссм/

Остани поврзан