Наутро студено, преку ден сончево и релативно топло
- Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени Целзиусови.

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) – Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 25 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност.
По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.вј/хс/
Фото: МИА архива