• четврток, 19 декември 2024

Наумовска: Наставниците имаат поголеми плати за 21 отсто, учениците ги учиме на демократија и слобода

Наумовска: Наставниците имаат поголеми плати за 21 отсто, учениците ги учиме на демократија и слобода
Скопје, 10 февруари 2020
Елизабета Наумовска, заменик министерка за образование и претседател на комисијата за образование на СДСМ на дебатата на трибината „Агенда- образование 20-24“ зборуваше и како функционер, но и како учесник во праксата, како професор во средно училиште, а претходно и во основно училиште.
„Многу јасно знаеме какви притисоци имаше врз наставниците, отсуство на демократија и замолчен глас на просветните работници. По цела деценија прво тоа го вративме, демократијата и слободата. Затоа сакаме со законот за средно образование да ги вклучиме и самите ученици во советите, со родителите и наставниците, за да учат демократија, за да знаат дека своите ставови и мислења можат јавно да ги кажат. Со тоа имаме интенција да ги деполитизираме одборите низ сите училишта, вклучително и основните, каде што веќе голем дел од одлуките се носат од родителите“- изјави Наумовска.
Проектот на ВМРО- ДПМНЕ за екстерно оценување, којшто беше укинат од СДСМ, беше процес за заплашување на наставниците и за замолчување на учениците,рече Наумовска.
"Сега тоа е  минато. Сега од учениците се бара да бидат гласни", додаде Наумовска.
 
Наумовска потсети на постојаното зголемување на платите во образованието и дека за две години СДСМ ги покачил за над 20 отсто, што не било пример со години наназад.
„Просветните работници знаат самите да проценат кој им ги зголемува платите и кој им создава подобри услови за работа. Во овој наш скратен мандат ние направивме многу повеќе од претходните 11 години, но тешко е да се анулира целата штета што ја има направено ВМРО- ДПМНЕ. Преку ноќ не можеме да направиме коренити промени, иако се неопходни. Но, успеавме да воведеме неколку нови модели на образование, за кои очекуваме дека ќе ги дадат посакуваните резултати. Имаме модел за дуално образование каде што учениците се образуваат според потребите на одредени компании за да можат одма да ги вработат. Имаме концепт за учење преку работа, ги правиме атрактивни стручните училишта, но големите предизвици се пред нас. Но со нашата посветеност како партија знам дека ќе успееме да создадеме модерно и применливо образование“- рече Наумовска.
 За наследените лоши услови во студентските домови, Наумовска најави дека наскоро ќе се отворат две нови згради во домот „Гоце Делчев“, но градежни зафати се преземаат и во „Стив Наумов". Во изборната програма на СДСМ се предвидуваат поголеми средства за истражувањата, науката и издаваштвото.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан