Натпревар по прва помош во Пехчево
- Во организација на Општинската организација на Црвен крст во Пехчево се одржа натпревар по прва помош. Активноста, која се реализираше под мотото „Време е за акција, време е за Прва помош“, се спроведе со поддршка на волонтери од Средното училиште „Ацо Русковски“.
Пехчево, 29 април 2024 (МИА) - Во организација на Општинската организација на Црвен крст во Пехчево се одржа натпревар по прва помош. Активноста, која се реализираше под мотото „Време е за акција, време е за Прва помош“, се спроведе со поддршка на волонтери од Средното училиште „Ацо Русковски“.
- Преку оваа заедничка организацијата на Црвен крст со ДСУ „Ацо Русковски“, во натреварувачки дух имавме можност да обучиме и извежбаме способност кај средношколците со цел градење на капацитети во насока да помогнеме во критични ситуации и тогаш кога е најпотребно, истакнаа од Општинската организација на Црвен крст.
Оттаму упатија благодарност до докторките и обучувачите кои помогнаа во реализација на активностите.
-Почитувани средношколците денес ја покажавте ангажираноста и врвниот тимски дух, затоа што сите заслужуваме безбедна заедница и со Вашиот труд и учество, тоа е можно. Вашето учество и менторство го прават овој предизвик можност за нас да научиме и да пораснеме како личности во заедницата и за заедницата, додадоа од Црвен крст Пехчево.
Со цел поголемо анимирање на младите со укажувањето Прва помош, вакви и слични активности најавија и за следниот период. вс/мд/
Фото: МИА