Натпреварот од Евролигата Валенсија и Хапоел ќе се игра без навивачи
- Натпреварот од 4.коло од Евролигата меѓу Валенсија и Хапоел Тел Авив ќе биде одиграна без присуство на гледачи во Роиг Арена
Валенсија, 14.октомври 2025 (МИА) – Натпреварот од 4.коло од Евролигата меѓу Валенсија и Хапоел Тел Авив ќе биде одиграна без присуство на гледачи во Роиг Арена. Оваа одлука ја соопшти шпанскиот клуб.
„Валенсија ги искористи сите можности за да обезбеди сопствениците на сезонски влезници да не го пропуштат натпреварот од Евролигата. Но, препораките на државните органи мора да се почитуваат и клубот мора заради безбедносни мерки на навивачите и актерите да ја донесе оваа одлука натпреварот да се игра без присуство на публика“, стои во соопштението на Валенсија.
Натпреварот е закажан да се игра во среда со почеток во 20:30 часот. мн/
Фото: ФБ