• петок, 22 ноември 2024

Натпреварот Албанија - Полска беше прекинат 20 минути, домашните навивачи фрлаа шишиња кон Полјаците

Натпреварот Албанија - Полска беше прекинат 20 минути, домашните навивачи фрлаа шишиња кон Полјаците
Тирана, 13 октомври 2021 (МИА) - Квалификацискиот натпревар одигран за Светското фудбалско првенство 2022, Албанија – Полска, одигран синоќа во Тирана, беше привремено прекинат поради нереди на трибините. Стрелецот на Полјаците Карол Швидерски го отвори резултатот во 77. минута. Репрезентативците на Полска го прославуваа голот кај корнер знамето кога домашните навивачи почнаа да фрлаат со шишиња кон нив. Главниот судија Клемент Турпин ја прекина играта. Двата тима отидоа во соблекувалните. По 20 минути играчите се вратија на теренот и играта продолжи. На крајот Послка победи со 1:0, а Албанскиот фудбалски сојуз го очекува казна од УЕФА. зс/

Остани поврзан