• недела, 22 декември 2024

НАТО склучува договори за производство на стотици илјади проектили од 155 милиметри

НАТО склучува договори за производство на стотици илјади проектили од 155 милиметри

Брисел, 23 јануари 2024 (МИА) - Во седиштето на НАТО во Брисел денеска беше потпишан договор за заедничка набавка на проектили од 155 милиметри. Документот го потпиша шефот на Агенцијата за поддршка и снабдување на НАТО, Стенси Камингс.

-Договорот е за производство на стотици илјади проектили и е вреден 1,2 милијарди долари, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Војната што Русија ја започна против Украина доведе до битка за муниција. Важно е сојузниците да ги надополнат залихите поради помошта што и ја даваат на Украина, додаде тој.

Столтенберг истакна дека од јули минатата година доделени се договори во вредност од околу десет милијарди долари, вклучувајќи четири милијарди долари за противтенковски ракети и 5,5 милијарди долари за ракети за системите Патриот. Тој додаде дека земјите од НАТО ќе се состанат денеска за да проценат како може дополнително да се зголеми производството на муниција.

Според генералниот секретар, остварувањето на пактот, кое започна неделава, е најголемо во последните децении и е поврзано со чл. 5 од Вашингтонскиот договор за заедничка одбрана.

-Ние не гледаме директна или непосредна закана за некој од сојузниците, внимателно ги следиме дејствијата на Русија, рече Столтенберг.

Според него, Русија нема да интервенира на страната на НАТО поради распоредувањето на дополнителни сили на алијансата на источното крило, зголемените инвестиции во военото производство и преземените вежби.

-Сето ова го правиме за да не остави простор Москва погрешно да ја процени нашата подготвеност да ја одбраниме секоја педа земја на НАТО. Се додека се однесуваме вака, нема да има напад, коментира тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан