Настан „Женско лидерство - Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“
- „Женско лидерство - Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“, настан од меѓународен карактер во организација на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија – жени денеска ќе се одржи во Скопје.
Скопје, 18 април 2026 (МИА) - „Женско лидерство - Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“, настан од меѓународен карактер во организација на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија – жени денеска ќе се одржи во Скопје.
На официјално отворање на настанот ќе се обратат Жаклина Пешевска, пратеничка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Драган Ковачки, пратеник во Собранието и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а онлајн обраќање ќе имаат Мајрид Мекгинис, претседател на Европската народна партија – жени (EPP Women), поранешен европски комесар и поранешен потпретседател на Европскиот парламент и Долорс Монсерат, пратеник во Европскиот парламент и генерален секретар на Европската народна партија.вј/
Фото: МИА архива