• четврток, 14 ноември 2024

Наставничка уапсена поради сексуално злоставување ученици во Индија

Наставничка уапсена поради сексуално злоставување ученици во Индија
Њу Делхи, 7 април 2022 (МИА) - Наставничка од Индија сексуално злоставувала тројца 16-годишни ученици од училиштето во коешто работела и заврши в затвор, објавија тамошните медиуми. Единицата за кибер-криминал во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду покрена истрага против 42-годишната жена откако на интернет се појави видео од оргијата. Полицијата утврдила дека снимката ја направил нејзиниот партнер. Човекот веќе признал дека го снимил видеото и го дистрибуирал меѓу свои познаници. Се истражува и дали видеото е објавено на платени порностраници. Самите ученици поднеле пријава против наставничката и нејзиниот партнер. Тие тврдат дека двојката се обидела да ги заплаши за да не зборуваат за тоа што се случило. Наставничката и нејзиниот љубовник се обвинети за злоставување малолетници, закани и дистрибуција на непристојни содржини. Претходно светот го обиколи веста дека наставничка од Велика Британија е уапсена поради секс со 15-годишен ученик. Никол Парк (42) беше осудена на 27 месеци затвор.  си/ссм/

Остани поврзан