• четврток, 14 ноември 2024

Наставничка од Њујорк уапсена оти вакцинирала ученик

Наставничка од Њујорк уапсена оти вакцинирала ученик
Њујорк, 5 јануари 2022 (МИА) - Наставничката Лора Русо од Њујорк, САД, е уапсена затоа што вакцинирала ученик против коронавирус и покрај фактот што нема формални медицински квалификации. Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија, инаку, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена, ѝ се заканува казна затвор до четири години. Наводно, 17-годишникот сакал да ја прими вакцината. Се појави и видео од контроверзната вакцинација, на кое Русо му вели на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам... Ете така - вакцинација дома!“ Директорот на средното училиште „Херикс“, изјави дека вработената Лора Русо, е отстранета од настава и прераспоредена до крајот на истрагата. Русо е обвинета за практикување медицина без потребни дозволи. Првото судско рочиште ќе се одржи во текот на месецов. си/гт/ https://www.youtube.com/watch?v=SpJxp2wmAz4

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан