Наставничка во Англија сексуално злоставувала малолетник
- Наставничка по математика од Англија е затворена поради сексуална злоупотреба на момче на кој му држела онлајн предавања, пишува Би-Би-Си.

Лондон, 14 август 2024 (МИА) - Наставничка по математика од Англија доби шестгодишна затворска казна во Крунскиот суд во Нотингем во петокот поради сексуална злоупотреба на момче на кој му држела онлајн предавања, пишува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека Холи Роус-Свини (37) договорила да се сретне со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом и имала сексуален контакт со него во неколку наврати и покрај тоа што знаела дека е малолетен.
Мајката на тинејџерот ги пронашла несоодветните пораки на наставничката на WhatsApp и ја известила полицијата. Наставничката Роус-Свини се изјаснила за виновна по две точки. мс/
фото: ЕПА