Наследството главна тема на годинашните „Денови на Јустинијан Први"
- Наследството е главната тема на која се фокусира годинашното 10. издание на Меѓународниот научен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први" што почна денеска,


Симпозимот оваа година се реализира со комбинирано физичко и онлајн учество. На осумте сесии, што ќе се реализираат во текот на следните три дена во Музејот на македонската борба, свои реферати ќе имаат 55 еминентни проофесори и научници од Италија, САД, Велика Британија, Германија, Франција, Канада, Русија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Шведска, Финска, Австрија, Србија, Грција, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција.
-Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот „Денови на Јустинијан I”, прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа „Деновите на Јустинијан I”, ја постигнува клучната цел за промоција на културното и историското наследство на нашата земја, со што се етаблира како културен и историски бренд, кој ги поврзува и обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското и средновековното наследство, како и научниците од регионот, Европа и ширум светот, рече Панов.
„Денови на Јустинијан I" традиционално е поддржан од Министерството за култура, град Скопје, Италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва, како и винаријата „Стоби“. бт/бак/