Населението во Египет се зголемило за 1,4 милиона лица во 2024 година
- Населението на Египет се зголемило за 1,4 милиони луѓе во 2024 година, достигнувајќи 107.205.591, објави весникот Ал Ахрам, повикувајќи се на Централната агенција за јавна мобилизација и статистика.
Каиро, 2 јануари 2025 (МИА) - Населението на Египет се зголемило за 1,4 милиони луѓе во 2024 година, достигнувајќи 107.205.591, објави весникот Ал Ахрам, повикувајќи се на Централната агенција за јавна мобилизација и статистика.
Бројката не ги вклучува 11,09 милиони Египќани кои живеат во странство, според податоците на агенцијата за 2023 година.
И покрај растот во апсолутни вредности, стапката на раст на населението во северноафриканската земја продолжи да се забавува во текот на изминатата деценија, со постојан пад на стапката на наталитет.
Во 2022 година официјалната статистика покажа дека наталитетот во периодот од 2014 година до 2021 година паднал за дваесет проценти од 3,5 до 2,8 новороденчиња по мајка. Во петгодишниот период од 2019 до 2024 година наталитетот е намален од 3,5 на 2,85 новороденчиња по мајка.
Трендот се припишува на подобрувањето на услугите за планирање семејство и дистрибуцијата на контрацептивни средства на национално ниво.
Високиот раст е еден од најзначајните предизвици со кои се соочува Египет. Само во последните десет години, населението на Арапската Република се зголемило за вкупно 25 милиони луѓе. паг/
Фото: МИА архива