• петок, 05 декември 2025

Населба Влае без вода за пиење

Населба Влае без вода за пиење

Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Корисниците од населбата Влае се без вода за пиење од 11 часот, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан