• понеделник, 23 декември 2024

НАСА: Ерупцијата на вулканот во Тонга посилна од бомбата фрлена на Хирошима

НАСА: Ерупцијата на вулканот во Тонга посилна од бомбата фрлена на Хирошима
Нукуалофа, 25 јануари 2022, (МИА) - Ерупцијата на вулканот во Тонга ослободи експлозивни сили кои далеку ја надминаа силата на експлозијата на атомската бомба што Американците ја фрлија на Хирошима, оценија научници на НАСА. Се појаснува дека ерупцијата на вулканот во Тонга била неколку стотини пати појака од америиканската атомска бомба фрлена на јапонскиот град Хирошима во август 1945 година, за која се проценува дека имала околу 15 килотони - 15.000 тони - ТНТ. Според вработени во НАСА, вулканот Хунга Тонга - Хунга Ха’апаи за време на ерупцијата на 15 јануари исфрлал блескави остатоци и магма дури 40 километри во атмосферата. - Сметаме дека количината на енергија, која ја ослободила оваа ерупција, одговара на количина од околу пет до 30 мегатони - пет до 30 милиони тони - ТНТ, изјави научникот на НАСА, Џим Гарвин. Објавено е и дека ерупцијата едноставно „го избришала“ вулканскиот остров, кој се наоѓа на околу 65 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа. Експлозијата во местото на кое живеат околу 100.000 лица беше покриено со слој отровен пепел, затруена беше питка вода, уништени посеви и во потполност избриша од земјата најмалку две села. Во ерупцијата имаше три жртви во Тонга, а животот го изгубија и двајца туристи на плажа во Перу, откако цунами ја погоди јужноамериканската земја. Научниците веруваат дека најверојатно се работи за една од најголемите ерупции во последните 30 години, како и за еден од најгласните настани на Земјата во повеќе од 100 години. бд/ссм/

Остани поврзан