• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Наполи ќе преговара со Манчестер јунајтед за трансферот на Гарначо

Наполи ќе преговара со Манчестер јунајтед за трансферот на Гарначо

Неапол, 26 мај 2025 (МИА) - Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо може да ја продолжи кариерата во Италија.

Како што објави „I News“, спортскиот директор на Наполи Џовани Мана има намера да се сретне со раководството на англискиот клуб во врска со можниот трансфер на 20-годишниот Аргентинец. 

Претходно беше објавено дека фудбалерот сака да го напушти Манчестер јунајтед поради незадоволство од неговата улога во тимот.

Гарначо оваа сезона одигра 58 натпревари, постигна 11 голови и 10 асистенции. 

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Гарначо на 45 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан