• петок, 05 декември 2025

Наполи од Торино го позајми Милинковиќ-Савиќ

Наполи од Торино го позајми Милинковиќ-Савиќ

Торино, 27 јули 2025 (МИА) - Голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, е позајмен во Наполи, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.

Договорот за позајмица со 28-годишниот Србин е за една година. 

Претходно, Торино го доби на позајмица од Наполи крилниот напаѓач Сирил Нгонге.

Во сезоната 2024/25, Милинковиќ-Савиќ бранеше на 39 натпревари, прими 44 гола и 11 пати ја зачува мрежата чиста. зс/

Фото: Фејсбук Наполи

Остани поврзан