• петок, 05 декември 2025

Наполи бара 75 милиони евра од Ал-Хилал за Осимен

Наполи бара 75 милиони евра од Ал-Хилал за Осимен

Неапол, 7 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, прифатил понуда од Ал-Хилал, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Саудискиот клуб ја зголеми својата понуда за 26-годишниот Нигериец на 70 милиони евра, но Наполи продолжува да бара најмалку 75 милиони евра.

Осимен играше за Галатасарај како позајмен во сезоната 2024/25. 

Напаѓачот постигна 37 гола и имаше 8 асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан