Напад со дрон во јужен Израел: Повредени 20 лица, дронот дошол од Јемен
- Дваесет лица се повредени, од кои двајца сериозно, во напад со дрон во градот Еилат во јужен Израел, соопштија спасувачките служби.
Тел Авив, 25 септември 2025 (МИА) - Дваесет лица се повредени, од кои двајца сериозно, во напад со дрон во градот Еилат во јужен Израел, соопштија спасувачките служби.
Израелската армија соопшти дека дронот дошол од Јемен и се урнал.
Милицијата Хути, со седиште во Јемен, во изминатите две години постојано напаѓаше цели во Израел со проектили и дронови, во знак на солидарност со палестинската милитантна група Хамас. ссм/
фото: архива