• петок, 22 ноември 2024

Намирници што, покрај Сонцето, придонесуаат за повеќе витамин Д во човековото тело

Намирници што, покрај Сонцето, придонесуаат за повеќе витамин Д во човековото тело
Лос Анџелес, 5 февруари 2021 (МИА) - Бројни научни истражувања потврдуваат оти Сонцето е главниот предуслов за лачење витамин Д во организмот, а скоро половина од светското население има недоволно, премалку количество од овој витамин во телото. За да се задоволат дневните потреби на витамин Д, се препорачува 5 - 30 минути престој на Сонце. Сепак, поради пандемијата последнава година, претежно престојуваме во затворен простор, поради што е потребно да се зема витамин Д и со храна и додатоци. Д-р Мајк Розен, лекар од Кливленд, САД, и стручњак од Американското здружение за срце и кардиоваскуларно здравје, ја објаснува важноста на витаминот Д особено за зајакнување на имунитетот. - Истражувањата посочуваат врска меѓу ниското ниво на витамин Д и заразите и болестите на дишните патишта, но исто така и пневмонијата, хепатитис Б и Ц и - ХИВ, рече тој. - За време на пандемијата, апсорпцијата на витамин Д преку сонцето е значително помала. Тој препорачува проверка на количината на витамин Д во крвта, а потоа според резултатите, лекарите ќе препорачаат додаток. Неговата колешка, д -р Александра Луис исто така смета дека без оглед на времето што го минуваме на Сонце, треба и да консумираме храна богата со витамин Д. - Ако и покрај тоа имате премногу малку од тоа во крвта, тогаш треба да земете додаток на витамин Д, вели таа. Според стручњаците, витаминот Д најчесто се наоѓа во лосос, туна, скуша, но и во млекото, житарките и печурките.  си/

Остани поврзан