• понеделник, 25 ноември 2024

Намалено водоснабдувањето во Тетово поради дефект

Намалено водоснабдувањето во Тетово поради дефект

Тетово, 27 октомври 2022 (МИА) - Јавното комунално претријатие „Тетово“ информира дека има намалување на водоснабдувањето поради поголем дефект. Проблемот настанал на цевководот од новиот водоснабдителен систем што презема вода од реките во месноста Лешница.

-Поради настанат дефект на водоводната линија на Лешница, се известуваат граѓаните на општина Тетово дека ќе има намалување на количината на вода до санирање на дефектот. Градот ќе се снабдува само од изворите на Шар Планина, кои во моментов се со издашност од 230 литри во секунда, информираа во ЈКП Тетово.

Новиот водоснабдителен систем беше проблематичен и на крајот на септември. И тогаш вода за пиење во Тетово имаше само од стариот водоснабдителен систем додека дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување е автоматски беше прекинат. ас/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан